Доктор Гете (кој тогаш, на пример, пред една пациентка, која бесцелно се движеше по собата не застанувајќи, ја испружуваше својата рака попречувајќи ѝ го патот, а таа се наведнуваше, совладувајќи ја така препреката, и продолжуваше брзо и бесцелно да чекори по просторијата) одговори:  „Мојата цел не беше да натерам некого да се запраша зошто го правам ова, туку зошто пациентката реагира така како што реагира.“
               
             
           
            
            
              „Сестрата на Сигмунд Фројд“
               од Гоце Смилевски 
              (2010)