По игра на случај, застанаа пред излогот на една книжарница во кој, меѓу           другите книги, се наоѓаа и бројни трудови за разни врски меѓу науката и уметноста:           Уметност и физика: Паралелни гледања на просторот, времето и светлината од           Ленард Шлејн; Книжевноста во квантниот космос на Сузан Стрела; монографии со           величествено сложените Манделброови фрактали, како компјутерски генерирани, така           и фотографирани во нивните многубројни природни манифестирања; конечно, mirabile           dictu, календар за следната година илустриран со Да Винчиевите цртежи на разбранувана           вода.
               
             
           
            
            
              „МАРГИНА  бр. 34“
              
              (1996)