Така кругот на задоволство никогаш не се спојува, но се создава модел кој токму поради овој ексцес создава уживање кое го носи елементот на непријатност во системот на задоволство.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Иако еден од најкомплексните поими на Лакан, објет петит а во случајот на кружницата на задоволство би можел да се означи како инцидент кој е во служба на кршење на психичкиот закон за задоволство бидејќи среде кругот, кој штотуку не се затворил, ја воведува непријатноста.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
На тој начин и уметноста возвратува („fights back“) и повторно ја освојува својата територија на која со поп-културата развива еден однос на взаемно интерпретирање.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)