Со време, заборавија луѓето на небесниот бик зашто далеку беа снежните планини на Кападокија за да го побараат.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Кога сите си отидоа ти ја симна маската, далеку беше од расположен и добар. Останав доцна вечерта до тебе.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Тој не знаеше колку долго возеше и колку далеку беше отишол.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Брзо реагирав: - Далеку бев од помислата, другар А.А., за вашиот Атеистички музеј и неговите собрани сакрални објекти од храмовите.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Облечена со кожни пантолони и таква јакна, украсена со најразлични метални копчиња, Ана од далеку беше препознатлив белег на Куманово.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Чинете гајрет да отидеме живо до Стамбол, белким таму ќе се разбистри работата, – не престануваше да ги теши стариот поп Димитрија. Но далеку беше Стамбол.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
А што се однесува до францускиот јазик, далеку бев од тоа да течно го зборувам.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Си смислив дека морам да одам на пракса што подалеку. А најдалеку беше Гевгелија.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Забележавме патрола само на ридон. Но далеку беа и не нѐ догледаа.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)