делумен (прил.) - во (предл.)

Надвор од оваа блага циничност, велам дека целата Бетмен-трилогија заслужува многу постудиозни естетички понирања, а ваквото бегло споменување овде на дел од фасцинантната Бетмен-иконографија, служи само како обид да се предаде една интригантна илустрација на некои теориски ставови изнесени во горниот текст, на не докрај консеквентен начин и делумно во манирот на “сурфирање по површините”.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Наследниците на француската, англиската и на американската револуција, веруваа делумно во сопствените фрази за правата на човекот, за слободата на говорот, за еднаквоста пред законот и слично, па дозволија дури тие фрази да влијаат до извесна мера и на нивното однесување.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Иако тезата тогаш беше необјавена (подоцна ќе биде објавена делумно во Париз), не знам како беше стигнал во Албанија еден примерок, за да биде прочитана и да биде утврден мојот нов „грев” кон татковината.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)