Слезени, скриени, на другата страна, го очекувавме заминувањето на возот, сѐ до последниот пискот на локомотивата кој се губеше во далечината.
               
             
           
            
            
              „Ервехе“
               од Луан Старова 
              (2006)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Набргу по заминувањето на внучињата на Петра и Костадина, работниците слегоа до последниот кат, Пелагија и другите го симнаа сето ѓубре од најгорниот кат до првиот,  го собраа на куп пред самата зграда и додека  ги зачистуваа  пенџерињата и вратите, поминаа неколку комисии врзани со приемот на зградата, па почнаа да се точкаат сопствениците на становите.
               
             
           
            
            
              „Црна билка“
               од Ташко Георгиевски 
              (2006)