добро (прил.) - во (предл.)

Се шетавме по старите гранитни плочки на чаршијата меѓу многуте луѓе и, признавам, се чувствував добро во својата кожа.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Се чувствуваш добро во својата кожа?
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Стариот Јанче, ситно, загрижено и постојано уплашено човече, не слутејќи ништо добро во таквите постапки на Арслан бег, отиде да побара заштита од својот господар, од Јауз бега.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
По тоа колку се распознаваа стапалките Змејко сега лесно можеше да погоди дека самјакот беше поминат тука неодамна, најмногу пред два часа, додека се зазорувало и додека се ронеле ретките снежинки; тоа можеше да се види добро во оној лесен слој наврнат снег во стапалките, и по сета изоставена ира од обете страни по снегот, поминувајќи по кој оној таму веднаш и се капел.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сѐ би се одвивало добро во овие идилични рамки ако езерото, откако поминало толку милениуми без пречки, не се најдеше изложено на бурите на историјата на XX век.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
По кафето устата се плакне со вода и се голта за да не остане меѓу забите и да легне добро во желудникот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)