докрај (прил.) - во (предл.)

Едниот како да беше заведен од другиот да одат докрај во неизвесната мисија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Колку што повеќе навлегуваа во јазичниот балкански лавиринт на турцизмите, Татко и Камилски јасно согледуваа дека никогаш нема да го најдат излезот, ќе ги замајуваат постојаните крстопати на јазичниот лавиринт.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Чанга обично одеше докрај во извршувањето на науменото, немаше сила што можеше да го сопре, особено кога го водеше инстинктот на вистината.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но човеков нема ништо со овие „јаничари“ чиј татко пишува за нивната историја, но синот- наратор до крајот си останува на своето („А што се однесува до мене, јас одненадеж ја почувствував потребата во оваа проклета балканска крчма да одам докрај во разговорот, небаре најден во ринг во кој се разменуваат идеи како смртоносни удари.“).
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Најтешко е како да го започнете пишувањето на една книга. Kако да го најдете најлесниот пат до читателот за тој да влезе и да остане докрај во неа?!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Тоа што го мислиш никогаш не влегува докрај во зборот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)