Додека се обидувам, осмиот месец од
   оваа година, MCMLXXX
   достоинствено да го започнам писмово до тебе
   ја откопчувам душата како елек
   и шаторот твој го распнувам сосема
 
   меѓу вториот и дваесеттиот век
   резот е доволно длабок и горешт
   светлината да се прекрши и одбие
   твојот профил да се обликува појасно
   макар и ништо да не не објаснува:
 
   ни империјата, ни мемоарите
   ни градот што го подигнав во мислата променлива
   - еден град повеќе во Елада, љубената
   ниту слободата повеќе од власта што ја сакаше
   и Latio не, ни кованите пекунии
   со ликот на Антиној, обожаваниот
   Humanitas Felicitas Libertas
   ниту твојата библиотека која се обновува
   лека-полека по светот
   ниту противниците, не ни жените не
 
   ни смртта твоја и на твоите современици
   и коњот не, и знакот на небото
   и мачката со боја на пустина, мед и сонце
   (според описот на Јурсенар)
   ни патувањата, ни пророштвата
   не, не, не, во право си кога се сомневаш
   во смртта, кога му се предаваш
   на Допирот-Убавината-Сласта
   како на Смисла
 
   зашто, поместувајќи ги границите
   на крвта, плотта, идејата
   животот пренесувајќи го
   од една метафора на друга
   го одложи толку многу
   што остана и за нас!
 
   ________________________
               
             
           
            
            
              „Ерато“
               од Катица Ќулавкова 
              (2008)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
               
                  Зар сѐ уште имам снага да сакам, како кербер го чуваш моето срце, сѐ ми зема и тоа што ми го даде, едно лето и две зими.
               
             
           
            
            
              „Жонглирање со животот во слободен пад“
               од Сара Трајковска 
              (2012)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
               
                  Заборавот нека те однесе некаде далеку за да можам барем спокојно и достоинствено да го проживеам тоа што ми остана без срце и душа, зошто се ти припаѓа тебе засекогаш.
               
             
           
            
            
              „Жонглирање со животот во слободен пад“
               од Сара Трајковска 
              (2012)