Папазова, која сега е невработена и која досега има учествувано и во неколку работнички штрајкови, и покрај добиениот судски спор – поради недовербата кон нашиот судски систем, вели дека доколку во иднина, евентуално ѝ биде повредено одредено работничко право – двапати ќе размисли дали пак би се впуштила во ваква „авантура“!?
               
             
           
            
            
              „Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
               од Димитар Апасиев 
              (2011)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
               
                  Примерот на Папазова е за одбележување затоа што укажува на тоа дека поранешните работници, кои поради разни нанесени неправди си одат од кај работодавачите – сè уште имаат можност, по судски пат, да си ги остварат правата кои им следувале, иако повеќе не се водат како вработени во тоа друштво!
               
             
           
            
            
              „Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
               од Димитар Апасиев 
              (2011)