затворен (прил.) - во (предл.)

Слегував удолу кон полето големо затворено во небо и планини; омеѓено со тополи престорени во минариња од штркови гнезда.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Кога ќе појдиш кај царот, ништо да не му сакаш од колку едно пиле што имат затворено в кавез, што носи ката ден по едно јајце позлатено.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
И пак Бонети кога ќе ја видеше каде што врви низ дворот кон црквата клоцајќи го долгото расо со колениците пред себе, пред очите му излегуваше нејзиното голо тело, кое сега, затворено во црнилото, прета како немирно животинче во кафез и сака сѐ да раскине, да се ослободи.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
За Ренан - ако е точно дека човекот самиот себеси никогаш не си е во целост присутен и дека тој расчекор ги втемелува науките за човекот - во мислењето сепак сепак не треба да се види резултантата или простото продолжување на несвесното во кое тоа е нурнато: “Да не го напуштаме оној основен принцип кој ни вели дека човекот е разумно и морално битие повеќе отколку суштество затворено во овој или оној јазик, припадник на оваа или онаа раса, член на оваа или онаа култура”.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Јас сум патријархално воспитано моме, кое не прима сам маж затворено во четири ѕида.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Им умрело, го клоцнал некој коњ, едно малечко; никој не слушна да го редат но сите видоа кога умреното, затворено во ковчег и натоварено во кочија, го изнесоа од Имотот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)