Луѓето, како што тешко се привикнуваа на зимата кога долгите ноќи мораа да ги проведуваат во лежење, во здодевност, кога кусиот ден им светнуваше како бубачка и се губеше - така сега тешко се привикнуваа и на пролетта; свикнати на долго спиење, сега кога ќе станеа, се лутеа што многу порано пред да станат - веќе се разденило, сонцето се покажало, а тие не се фатиле за работа, не отишле по нивјето, не отишле во планината, не го спотерале добитокот на пасење.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Го преместува Полин столот и врти со лицето кон сонцето како бубачка.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)