Неа, Трајана Дамческа, мајка му на Ѓорета, зашто беше висока како далјан, и зашто навистина беше комитка, уште од пред востанието во Крушово 1903-та, никогаш уште оттогаш не го симна чифтето од рамена, сама управуваше со момците, со аргатите и со сиот имот на Дамчевци Џаџовци, жителите на Потковицата, и на сите околни села така ја викаа, Комитка.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Таа, Трајана Дамческа, иако беше жена, за сè што ќе се договореа да направат или ќе направеа жителите на Потковицата, имаше свое мислење и по свое го правеше и, мораа да ѝ се признае, повеќе пати работите излегуваа на нејзиното.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)