Кога ќе забележеше дека не можам да го следам во она што ми го кажуваше, правеше еден гест кој ни беше како поздрав, а и како знак да ја смениме темата за која разговаравме: со врвот на показалцот ми го допираше челото, па врвот на носот, па усните, и започнувавме да зборуваме за нашите мечтаења – посакувавме да заминеме за Венеција, само тој и јас, Венеција, која во копнежот по нашето заедничко постоење во тој град трепереше онака како што замислувавме дека трепери Месечината во водата на венециските канали, Венеција, со архитектура налик на тантела, која видена во книгите за тој град, пред нас во нашите замисли постоеше пореално и посилно отколку пред очите на многумина од оние кои биле таму, Венеција, секогаш кога ќе ја споменевме, како во некоја игра си ги приближував поддланките, спојувајќи ги местата на пулсирачките жили од двете раце, ги извивав малку прстите, правејќи така гондола, и запловував со гондолата- раце по воздухот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
На стариот Караман оваа детска палавштина не му се допадна, па почна да ‘ржи, да се отима, додека Стрела, која беше летошно кутре, ја прифати оваа детска лудорија како знак на највисоко внимание .
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Членовите на семејството на Праведникот тоа го сфатија како знак на голема надеж ветена од небото, верувајќи во добар исход дури и кога по неколку месеци, ги натоварија во воз за концентрационите логори.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Низ книгите ги откривавме и нејзините сликари, Карпачо и Белини, Џорџоне и Лото, Тицијан и Веронезе, Тинторето и Тиеполо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)