Се доближив до стаклото. Светот надвор имаше жолто-модра боја, како мртовец легнат под црница, нешто дамнешно, мртво, а присутно. Не изгледа дека е стварно, а стварно е. Што е стварно?
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
- Челадта моја, пријателе - му одгоорил старио на царот - му помага на светот, а пак јас, што работам на стари дни, к'смет сум на друзи, чунки двапати досега арамиите ме плениле и уште еднаш се токмат да ме пленат.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Народот од нас чека помош и заштита. Тој што станал комита, не е орач. На комитата пушката му е плугот.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Пишувајќи за животот на Делчев, писателот користи и повеќе познати анегдоти и духовити досетки низ кои се открива итроштината и неустрашливоста: излегувањето од опколениот град како мртовец, влегувањето во Солун кога е преправен во селанец чија кошница е полна со велигденски јајца, па како главен инженер за изградба на патишта, чуден трговец, или пак сцената кога седи и пие кафе со главниот скопски дервиш.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Го клале во носило, го покриле као мртовец и со попот тргнале за на гробишча.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
И од тогај остајл мрзата и се сторил работник.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)