Ја примам твојата благодарност што во редот на многуте мајки ја имаш денеска и мајка Перса како поткрепа за вас двете, ама и вие голема поткрепа и радост за неа!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Ветерот повремено толку силно бие што не ги носи само зрната песок, туку отцепува парчиња и од самото Јас, па тоа Јас се чувствува немоќно, му се чини дека ветерот ќе го понесе и него заедно со песокта, ќе го згасне уште пред да бидат одвеани сите зрнца песок кои му биле доделени за до смртта, и тогаш Јас бара некое друго Јас, некои други Јас, со кои ќе се движи заедно додека околу нив беснее ветерот на времето; има потреба од тие други Јас не како поткрепа за преживување во материјата, туку како поткрепа за преживување на она најсуштественото од тоа Јас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Така мојата мајка со поглед, со збор, со гест отцепуваше парче од мене, парче кое постојано ќе ми недостасува, парче кое постојано ќе го барам; целиот свој живот чувствував како ми недостига нешто, онака како што на Милоска Венера ѝ недостасуваат рацете; мене не ми недостасуваше нешто во мојата појавност, туку нешто внатре во мене, како да ми недостигаа рацете на мојата душа, и тоа отсуство, тој недостаток, тоа чувство на празнина, ме правеше беспомошна.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)