лесно (прил.) - во (предл.)

Тоа, впрочем, никогаш не било лесно во раскараниот и разделен Балкан со семожни граници.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во најлош случај, таа од галеријата со другите ќе замине на вечера, а тој ќе нарача да му донесат нешто лесно во собата.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Зошто некои момчиња чии сексуални субјективитети се формираат преку тој систем стануваат геј кога ќе пораснат, а други не стануваат?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Мојот приказ е апстрактен, крајно шематски и несомнено симплистички, но барем го крепи извесно количество емпириски докази – имено, доказите што ги дава една критичка анализа на машките геј-културни практики и на пошироката културна поетика врз која почиваат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Затоа, можам да тврдам дека сум изнел концепциски модел за сфаќање на општествениот процес на акултурација преку кој се формира машкиот геј-културен сензибилитет. ‌Стекнувањето на геј-културниот сензибилитет се одвива во поширок општествен систем што произведува и хомосексуалци и хетеросексуалци, како и други што не се вклопуваат лесно во тие две категории.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таква анализа зазема поголем дел од книгава.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не му беше лесно да го преземе овој пресуден чекор во својот живот, верувајќи дека неговото перо може да биде попрецизно од мечот, со кој се црташе картата на палестинската држава, во забрзаните постапки на Јасер Арафат.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Јас добро знам дека не е ништо лесно во овие времиња, но добро знам дека останува наша задача да се оствари оваа благородна цел и да зајакне француско македонската соработка и пријателство.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Не му беше лесно во тие мигови на разидување на авторот на декларацијата од 1988 година за независноста на Палестина, која ја читаше Јасер Арафат на историската седница на Националниот совет на Палестина во Алжир, со таткото на палестинската земја.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Беше смирен човек, не паѓаше лесно во стапиците на вознесот, на оптимизмот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И знам, не ти беше лесно во душата. Се изложи на големи опасности.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)