лете (прил.) - во (предл.)

Бидејќи Штраус бил фармер од американскиот Запад тој искреирал пантолони од грубо платно наменето за селаните што работат тешка земјоделска работа.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Вие домците спиете во пижами? - Без исклучок. Лете во пуплин, зиме во зенана.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Целата вода што доаѓаше од таа страна, всушност единствената страна од каде што доаѓаше троа вода лете во Маказар, ја собрале и ја свртиле за потребите на рибникот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Отсуството на поглед кон небото, или на било какво парче ’надвор’, прениската или превисоката температура внатре (лете во нив си носеше џемпер) и немузикалниот човечки џагор помешан со онаа посебна, безлична музика за шопинг, ѝ создаваше чувство на очај.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Вистинска експлозија се случи во шеесетите - половина луѓе од планетава почнаа да носат фармерки.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Панталоните од џинс биле идеални бидејќи тешко се кинеле, лете во нив не било претопло, зиме не било престудено, имале долгогодишен рок на употреба, а покрај сето тоа изгледале добро кога по многу перења ќе го добиеле својот славен испрано-блед имиџ.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)