најмногу (прил.) - на (предл.)

Вљубеноста му одговараше најмногу на неговиот дух, нужна за него како погодна температура за некои растенија што само при неа можат да вегетираат.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
И успесите на славниот Ханибал над регуларните римски војски не се резултат на ангажирањето на слоновите, туку најмногу на успешните борби на мерценерите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се разбира потврди Татко, но најмногу на ум го имал својот мајчин албански јазик чиј реформатор бил, ја употребил првата латинска азбука, која ќе биде конечно прифатена како конечна албанска азбука на Конгресот во Битола во 1908 година.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тогаш тој, заедно со некои од тие неговите, стави рака на откупот на градинарските производи, но најмногу на лековитите растенија, печурките и боровинките со што Галичица и Баба наша изобилуваат.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Мојата муза е нешто несовршено, но нешто на кое му се восхитувам. Феномен кој најмногу на светот ме нервира.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
На татко ми му помагаше во средувањето на сметките од дуќанот и во пополнувањето на даночните формулари, што нему му создаваа нервози и нерасположенија.  Рашела едноставно стана дел од нас, тивка и ненаметлива, ни се наоѓаше на сите, а најмногу на мајка ми.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Најмногу на нишан му беше Француската граѓанска револуција од 1789 година, кога самиот во животот се соочи со Младотурската револуција, на 23 јули 1908 година, започната од ресенчанецот Нијази-бег, а подоцна и со Револуцијата на Мустафа Кемал и неговиот вујко Али Фетхи, тој како да започна да го менува мислењето за револуциите.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Многу им верувавме. Ѝ верувавме и на партијата, а најмногу на водачот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Помина уште еден час и да не заѕвонеше телефонот Ѕ ќе се загрижеше најмногу на цел свет!
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Најмногу на полјакот му се оплакува за несреќата.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)