Секоја Нова година е исто:  уште неизлезени од големиот сон,  со глави стежнати од желби и вино,  со усти суви и жедни за расол и вода, водичка,  онакви – баш никакви: неизбричени и ненашминкани,  - на телевизија го гледаме традиционалниот концерт  на традиционалната Виенска филхармонија  и традиционалното ракоплескање во ритмот на Радетскиот  марш  на богатите Арапи, Јапонци и богаташи од други џенемии  кои, инаку, се навикнати ним да им аплаудираат севезден.
               
             
           
            
            
              „Светилничар“
               од Ристо Лазаров 
              (2013)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
               
                  И, од тој магличав изгрев излегува Филип Хаџиевски и ми шепнува:  — Најтешко им е да ги тепаш пред жените и децата.
               
             
           
            
            
              „Небеска Тимјановна“
               од Петре М. Андреевски 
              (1988)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
               
                  Ним најтешко им паѓа што ждригањето е забрането  и во паузите меѓу два валцера на некој од Штраусовите  и што ептен се препознаваат преправањата  и вештачкиот занес од музиката и особено од ѕвонот на  прапорците  што може да се слушне и при јавањето камили, на пример.  (Вистина: дали некој од Штраусовите јавал камила?)
               
             
           
            
            
              „Светилничар“
               од Ристо Лазаров 
              (2013)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
               
                  Ним најтешко им паѓа што ждригањето е забрането  и во паузите меѓу два валцера на некој од Штраусовите  и што ептен се препознаваат преправањата  и вештачкиот занес од музиката и особено од ѕвонот на прапорците  што може да се слушне и при јавањето камили, на пример.  (Вистина: дали некој од Штраусовите јавал камила?)
               
             
           
            
            
              „Ситночекорка“
               од Ристо Лазаров 
              (2012)