Можеби ќе речете дека постои еден начин на неповрзување што си личи; некогаш тоа се нарекуваше „стил“.
               
             
           
            
            
              „МАРГИНА  бр. 11-12“
              
              (1995)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
               
                  Се разбира, можам да поверувам дека се препознавам, поистоветувам со својот потпис или со својата реченица, но единствено потпирајќи се на искуството и на вежбата кон кои сум обврзан, трудејќи се да бидам како другиот, со оглед на тоа дека можноста за повторување, па според тоа и имитирање, привидност, е запишана во самото извориште на таа единственост.    4Вашиот повик е двостран: сакате да ја промените праксата на читањето и да создадете некој вид заедништво меѓу своите читатели.    4Баш и не го сакам зборот “заедништво”, дури не знам ни дали сето тоа ми се допаѓа.    4Зборот го употребивте вие.    4Доколку под заедништво подразбираме, а тоа често е случај, складна целина, темелен договор и сложување во врска со појавите на несложност или војна, тогаш не верувам премногу во него и наѕирам во него колку закани, толку и ветувања.    4Мислам на она што Роџер Шартие го рече во врска со читањето, велејќи дека смислата на читањето е поврзана со начинот (праксата) на читањето, начинот на дружење со текстот.
               
             
           
            
            
              „МАРГИНА  бр. 11-12“
              
              (1995)