Една вечер, доцна, се враќав со метрото од кај „Монпарнас“, каде што тоа е најмеханизирано, зашто за да се префрлиш од еден до друг правец минуваш низ лавиринти некогаш и по еден километар со ескалатори.
               
             
           
            
            
              „Патувања“
               од Никола Кирков 
              (1982)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
               
                  Таа си помисли, како некогаш и судбината самата знае да ги исправи сопствените грешки.
               
             
           
            
            
              „Последната алка“
               од Стојан Арсиќ 
              (2013)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
               
                  Ама, било за да останам, ниеден куршум не ме фаќа. „Некогаш и господ ќе те види и ќе се замеша, велеше мајка, и да не го викаш ќе те побара, ќе застане да те брани.“
               
             
           
            
            
              „Небеска Тимјановна“
               од Петре М. Андреевски 
              (1988)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
               
                  Ова ништо не е, вели Лазор Рогожаров, некогаш и мај знаел да биде со снег.
               
             
           
            
            
              „Небеска Тимјановна“
               од Петре М. Андреевски 
              (1988)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
               
                  Тој знаеше по еден, а по некогаш и по неколку дена од - време навреме да подречува по неколку збора сè за едно исто, како да ги измислуваше, молчејќи, сите свои мисли во тоа молчење, од по неколку часа, а потоа ќе кажеше некому, или напросто себеси, тоа никој не можеше добро да го знае, ќе кажеше што смислил:    „Животот ти е цел, еден.
               
             
           
            
            
              „Белата долина“
               од Симон Дракул 
              (1962)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
               
                  Пелагија не беше преокупирана со нереален сон дека некогаш и таа може да има таков стан, знаеше дека во нив ќе дојдат бегалци кои навреме се откажале дека се од онаа Македонија што е зад Кајмакчалан па таа заедно со нејзината Пеличка и Мурџо ќе мораат да го напуштат подрумчето оти и тоа припаѓа на некој од овие станови што се завршуваат и со нејзината мака.
               
             
           
            
            
              „Црна билка“
               од Ташко Георгиевски 
              (2006)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
               
                  Тој имаше цело стадо одбрани сански кози и неколку космати прчови, кај кои секоја есен масовно се носеа козите на оплодување, а некогаш и предвреме поради нестрпливоста на козите.
               
             
           
            
            
              „Времето на козите“
               од Луан Старова 
              (1993)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
               
                  А денес, ако некој поминува по патот кој води покрај фабриката, зјаат искршените прозорци кои потсетуваат на многуте тажни работнички судбини – од кои некои, во моменти на очај, завршија и со самоубиство…
               
             
           
            
            
              „Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
               од Димитар Апасиев 
              (2011)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
               
                  Работи само чуварската служба, која го чува празниот објект без луѓе, кој немо стои опустошен од [не]човечката алчност и негрижа.
               
             
           
            
            
              „Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
               од Димитар Апасиев 
              (2011)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
               
                  Ги нема веќе хероите на работничката класа... А дали некогаш и ги имаше, кога се предадоа без борба? 
               
             
           
            
            
              „Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
               од Димитар Апасиев 
              (2011)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
               
                  Сѐ понадолу и понадолу, вели, некогаш и пониско од тревата, од калта.
               
             
           
            
            
              „Пиреј“
               од Петре М. Андреевски 
              (1983)