неочекуван (прил.) - во (предл.)

Скокна на патот и колку што можеше побрзо пак го закопа погледот во Србина како да се плаши дека неочекувано в земја да не пропаднал.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Таа сигурно во својата меморија ја задржуваше повеста за времето на козите и прашањето за нејзината автентичност, но ја задржуваше и за други времиња, небаре да ферментира во нејзината свест и да ми ја изложи неочекувано во друга пригода и со сосем подруг контекст од очекуваниот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Кога ќе се најдев неочекувано во таа приказна час ми се чинеше дека станува збор за еден ктаток миг, час ќе се издолжеше тоа мое присуство во приказнава цела една вечност, а кога гледам на времето како на денови подредени еден зад друг како да станува збор за поминување низ животот и секое подзастанување претставуваше нов детаљ што отвора нова врата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Како што за никого неочекувано во селото се појави колата на Аето, исто така, за никого неочекувано, а уште помалу сфатливо, го снема Илета Вегов.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Губењето на целината на претставата за убавото за жал се случува токму тогаш кога ќе отвориме истовремено многу врати од тие разбранувани спомени па тие неконтролирано ќе нагрвалат, како незапирните води од поплавите.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)