ноќва (прил.) - во (предл.)

А вие, другите, ќе преспиете ноќва во селово.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
За нив двајцата, за песот и Васила, да не ги познава отпорано и да не знае колку Васил е честит, би се помислил дека пеколот ги испратил ноќва во Потковицата и на Имотот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Како да бил тоа сонот што го сонив ноќва во мојата стара куќа во Маказар, а не вистинскиот настан што го раскажувам.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Излези и ќе видиш. Зад планинана се крева чад. Таму е Лесново. Двајца ваши отидоа да видат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)