ноќе (прил.) - во (предл.)

Тој, Ливајн и Пикник честопати правеа долги бош-муабети во кантината или ноќе во војничкиот клуб, на кои Ризо најмногу зборуваше.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Оние кои работеа ноќе спиеја преку ден, а оние кои работеа дење спиеја ноќе во истите кревети. А ги работевме најлошите работи.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И држи висока цена, исто како и рацете, што гушкаат и милуваат само ноќе во мракот и ништо за возврат не бараат.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Сум се нишал од млекото на ѕвездите како сега, забрзан во зик-зак кон својот пад, секогаш ноќе во секоја крчма.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И дење и ноќе во молитвите ја споменувам Ѕвезда моја... - молејќи се сета згутавена баба Петра неусетно фати да се ниша - де налево, де надесно.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
2 Според подоцнежното раскажување на кукулинецот Лозан Перуника* (значи по седумдесет и осум години од настанот, кога тој веќе бил на прагот на своето столетие, поточно - според записите на некој калуѓер од илјада деветстотини и тринаесеттата година, кога веќе се гризеле со оган и челик под знамиња на лав или двоглав орел и атакувале едни на други преку полумртви села и градови во прашина, во чад и во треска бугарските дивизии на генералите Тошев, Ковачев и Иванов и српските дивизии од Првата, Втората и Третата армија на престолонаследникот Александар и на генералите Степановиќ и Јанковиќ, и едните и другите, мобилизирајќи ги македонските голтари од вардарскиот, пиринскиот и егејскиот дел на својот вилает да пукаат едни во други**, додавајќи му ги на тој хаос и грчките војски, сите три крунисани влади на тие армии во алчна агонија да лапнат по еден залак од Македонија), во она време големоглавиот и бабуњосан Адам Леновец им раскажувал на неколцина од дружината дека попчето што го мердале ноќе во Лесново не се занесувало толку по идејата на грчката Патријаршија за една голема и од Зевс или Саваот благословена Елада, тој неграмотник со ретка брада можеби за тоа и не знаел, колку што сакал да ги завлече прстите со многу топчести ковчиња под ленената кошула на Фиданка Кукникова; каменоделците по ден, најчесто пред своите жени со загатливо сомневање под клепките, ја проколнувале и ја пцуеле убавицата со дамки, со тие златни очи на страст и копнеж по милување, а ноќе станувале од постелите на своите жени, божем во дворот ќе шопаат широко расчекорени и без воздишки по она што пред тоа го сонувале, всушност како лилјаци ја облетувале Фиданкината куќа со еден прозорец под бушавиот сламен покрив и со напукнат оџак; жените веќе нешто знаеле за ноќната лилјачка игра на своите мустаќести балами и со дукат го наговарале попот да се преправи во козинав врколак и да внесе страв во селото; ама и на попот, како што раскажувале, не му висел под папок суџук од мелено козјо месо; и тој станувал бабачко кога ќе се сетел какви тајни си криеле жените под кошулите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Нема извори на живот. Животот е извор што се пие себеси.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На овој истиов поп и на кефалијата еден од чифчиите од Букри, им раскажа на Атпазар во Битола, дури ги држеше воловите од бегот што беа за продавање, како нивниот бег сите ги затвора ноќе во кошарите заедно со стоката, некои дури ги врзува за јасли со долга ортома за да можат да им турат сено на коњите и воловите; како наутро ги одврзува за на работа, им удира по десет грбачи да не зборуваат зашто се робови и им ги предава на ќаата кој по углед на бегот и по негова наредба, барем по три пати на ден им удира по десетина-дваесет грбачи; како за мали кривици ги врзува летно време по цел ден за некој дирек или дрво голи и намачкани со мед или маст, да се збираат мувите и осите на нив; како посега на честа на секоја млада жена и девојка што ќе му се допадне, а веќе првата ноќ по венчавањето младата невеста ќе ја преспие со бегот на кулата, тоа си е адет и закон.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Почина ноќе и на гробиштата под ритчето ноќе во плиток гроб беше погребот. Не даваше скрката подлабоко да се копа.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Сега низ Прењес и по целиот пат од Капештица, Билишта, Корча, Поградец, Елбасан, Драч, Сукт и Тирана, дење и ноќе во обете насоки тече животот што сега го живее Албанија.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Како ноќе во ниедно време заедно со моите другари ги изнесуваме мртвите од бараките и коњушниците и во мракот ги закопуваме во плитките гробови...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Било убаво, мори, ноќе во водата! Знаат Русине да густираат.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)