онде (прил.) - во (предл.)

Греота е децата вратени во Македонија да не можат да одат на македонски училишта, а онде во Гаково, иако заградени со Срби и Маџари, да учат на македонски.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ама ќе те молам овде пред овците не јади ме да им се чини ќеот, ами однеси ме онде во долон и тамо јади ме.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
На тоа најмногу се радуваше мајката Роса веќе навистина сосема сами во подрумите, а и Чана и Митра онде во шталите островски, и Пена и Танаско со бројната челад од надворешната страна на фестивалските ѕидови.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)