општо (прил.) - на (предл.)

Аџи Јане не ја напушти портата. Тропаше и викаше, сега не на поп Јакова, ами општо на сите: – Предадете се, бре будали, што го слушате тој изветреан старец.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Во градот кој го сочинуваше мнозинското грчко население, покрај припадниците на други народи, постоеше и сосем одвоено еврејско гето, опколено со цврсти ѕидови, додуша наследени од минатото и уште во тоа време почувствувани за непотребни.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„ Доцнел и порано”, рече другиот, „но никогаш како сега”.  Карер го разбира тој прикриен говор во кој се чувствува стравот поради кој поразните состојби во животот му се припишуваат, општо на времето, а не на воените или на политичките околности и затоа час поскоро се враќа, како впрочем и тие, на претходниот дијалог.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)