Остро ме навредува. Мисли дека сум вампир испратен од пеколот за да го уништи, и во таа мисла ужива.
               
             
           
            
            
              „МАРГИНА бр. 10“
              
              (1997)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
               
                  Мајка му на Дино беше преграмадна за да може да застане меѓу ѕидот и каучот и да ја извлече мачката, а кога станав јас да видам дали некако можам да помогнам, остро ме погледна, па си се вратив на столчето.
               
             
           
            
            
              „Чкртки“
               од Румена Бужаровска 
              (2007)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
               
                  - Е, што се случи? Те гребна мачката, голема работа, - одвраќаше тој на моите жалби.
               
             
           
            
            
              „Чкртки“
               од Румена Бужаровска 
              (2007)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
               
                  Остро ме погледна и ми рече:  - А бе, тебе ич, ама ич, не ти иде умот?!
               
             
           
            
            
              „Атеистички музеј“
               од Луан Старова 
              (1997)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
               
                  Нешто студено и остро ме погоди по лице.
               
             
           
            
            
              „Кловнови и луѓе“
               од Славко Јаневски 
              (1956)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
               
                  Што се однесува до индуктивниот поглед врз светот на разнообразните нешта, кој татко ми, како што реков, ми го всади порано и подобро од сите професори – него го користам често, некогаш и не сакајќи - на пример, кога минувам по улици и  ...уште една згазена мачка од синоќа – малолетните камиказе возачи станаа сообраќаен терор – нормално кога улиците се претесни – урбанистите пред десетина години не мислеа дека градот сосе сообраќајот толку ќе нарасне – метро?, но подземјето на градот е преполно со цевки и жици...итн.  или...во центарот на градот, во паркчето меѓу градските кули, додека мирно си седам на клупата, нешто остро ме пецнува по левата нога – од некој кат, од некоја од околните висококатници, некое дете пукало со воздушна пушка во мене – децата некогаш гаѓаа врапчиња, а сега луѓе – нормално, сѐ подоцна легнуваат, сѐ подолго го преспиваат денот, а кога ќе се разбудат, се нервозни и лути – а што ако наместо во нога ме погодеа во око, кој ќе ми помогнеше? – зошто ниедна влада во оваа држава не го регулира ноќе времето до кога малолетниците можат да останат во кафулиња – итн...итн...
               
             
           
            
            
              „Човекот со четири часовници“
               од Александар Прокопиев 
              (2003)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
               
                  - А.А. остро ме прекори со погледот и рече:  - Предалеку отиде.
               
             
           
            
            
              „Атеистички музеј“
               од Луан Старова 
              (1997)