А.Ш. Отсекогаш те замислував таква  и коската карлична ти е заоблена ко кокиче  на дожд ми мирисаш најсилно-    гол дождец-пргава синоличка  со трње и намовната кожа;  Отсекогаш те знаев таква  како ми доаѓаш по преѓата на Ленинова:  Сива улица, мокра од железните намирисани  капки-  пауница со црно прецрно око;  Клетва модра, парталава во устата ми капеше, како  нечовек да бев;  Прости, мајко и жено  не видов кога капна капнатата ти става;  Црница само остана  а да можам земја и ќе бев.
               
             
           
            
            
              „Омајнина“
               од Афродита Николова 
              (2010)