подалеку (прил.) - во (предл.)

Реков веќе, сега, утрово, испишувам низи од зборови, цели редови и, повремено, како кога нагло ќе се испие доволно голтки вода од стомне, прекинувам со издишување и, во паузата, ги гледам пак јасиките како се нишаат спроти голиот рид подалеку во позадината, сега осветлени од повисоко, со една жолтосивкаста аура околу врвовите.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тука се велича секоја епизодна по­стап­ка во неговиот живот како единствен подвиг, се оди што подалеку во спиралата на култот на неговата личност.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Почитувана госпоѓо Лејбовиц, Проблемот што го покренувате во врска со погрешно преведениот збор за мене нема само семантичко значење, туку оди многу подалеку во мојата потрага по идентитетот на моето семејство во егзил.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Новото споменување на Атеистичкиот музеј и на Сталин како да ја долеваше чаша­та, не можев да не дополнам: - Отидовте, другар А. А. многу подалеку во отворањето на атеистичките музеи отколку во нивната матична земја Русија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Наскоро со леснотија ќе пловиме низ слаповите од организирани пулсации, праќајќи и примајќи сигнали, ќе ги внесеме нашите терминали, модеми и мени-ја сѐ подалеку и подалеку во нашата “приватна” сфера; ќе се заплеткаме себеси беспомошно во обединетиот живот во мрежа, и нема повеќе ни да се сеќаваме дека некогаш постоело нешто друго.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
По некое време ги зедоа пиштолите и почнаа да пукаат на нив: паѓаа птиците на брегот или во водата, некои бегаа, се префрлуваа подалеку во езерото, некои нурнуваа во водата, а некои како да им пркосеа, позасилено фрчеа над нив и испуштаа пискливи гласови.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)