познато (прил.) - во (предл.)

Колку што мене ми е познато во Македонија ниту еден град или населено место нема целосно разрешен проблем со депонирањето на сметот.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Зар имаше уште нешто да каже за таа нејзина единствена пролет, голема пролет во нејзиниот живот, што не ни беше познато во семејството?
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Освен што Нико пишува многу поединости, покрај другото и во врска со случајот на стариот со паштерката во Цариград кога вели ’Тој ги посрамотил сите наши чесни домаќини’, па и она што е познато во врска со неговата Ерменка и односите со неговата законита жена во Маказар, тој во новиве страници што ги најдов спомнува дека Никола, по убиството, бил фрлен скраја во гробиштата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)