полесно (прил.) - се (зам.)

Сепак, полесно се градат ѕидови отколку…. патишта.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Го поздравив плашливиот провален провалник кој исто како и јас нестрпливо ја очекуваше вечерта – темнината во која полесно се краде, пие, танцува, сака... (Умирањето е добро и в зори.)
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
А каде што еднаш била, проклетата, другпат полесно фаќа корен, полесно се шири.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Оти ќе се разделиме. Ти од мене, јас од тебе.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
И камен на шија полесно се носи од пуста црна печалба! (На Циганите). Што спиете, бре! Чукајте, дури господ да чуе!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Полесно се стега песната одошто бешиката.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Полесно се навикнуваат на обврските, оти од сега натаму нивните задачи се големи!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
„При остварувањето на слободата на вашиот природен дух, некои проблеми ви се нанесени од живите суштества околу вас, некои од природните непогодности а некои од умот. Првите два полесно се надминуваат, но третиот: управувањето со сопствениот ум, е најголемата пречка за воспоставување на ред во вашиот систем“
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)