после (прил.) - друг (прид.)

Војвода да бидиш сака првен ти да а кладиш главата в торба, та после другите да и поведиш по тебе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Токо пушчи му го ним в'кот, шо сториа ќе најдат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во Париз имаат Триумфална капија, во Лондон Биг Бен, во Прилеп Могила на непобедените. Ние, Скопјани - шмизла! Ееее, после друг ни е крив.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
По многу години Дионисиј Граматик изнајде шест двогласки, после друг пет, и друг три за броевите.
„За буквите“ од Црноризец Храбар (1754)
Прво она прави еден цвет да цвета, после друг, и после друг.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Па после друг ум ќе ме удри.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Кој ќе поземи големио пагур#, рече домаќино, сите вие тогај замолчивте.“
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Донесол троа дрва дебели в куќи и секирата и му рекол на гостите: - Ве молам, гости, пријатели, ако не сторите еден завмет да стани некој од вас да отцепит некое дрво, за да подвалиме огно, оти ене кај ни згаснал.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Никој неќел да посигни за да го земи пагурот чунки секој знаел оти попо со прво требало да се напие и благослов да даит, да после другите.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
и полковиот му рече освобождавам те од обвинението, откако го ислуша, за петнаесет дена ќе добиеш и решение, и Ристе се тргна, отпоздрави и се тргна, и одат после други, и којзнае што ме дупна и мене, и јас ќе одам ќе прашам, што ќе стане со Македонија, велам, Македонија е долга и широка, ми вели полковиот, и за Македонија одговор сега нема, одговорот е во вас, во сичките нас, благодарам, му велам, коњите се тепаат, а магарето го јаде ќотекот, покорно благодарја, велам, и как се казваш, Мирче Мегленов и ме запиша, мајчето негово, и после ротниот секаде мене ме праќа: во извидници, кај што студи, кај што е калливо, кај што главата ти е пред куршум, и еднаш со Стевана нѐ пратија кај окопите англиски, 124
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)