постепено (прил.) - во (предл.)

Тој коренен преврат, ако станува постепено во текот на цели векови не е опасен, зашто едни делови од него се однесуваат за едни поколенија, други за други поколенија, така што едни делови преминуваат по наследство, како народно наследство, и само некои се нови.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
XIX Како што наближуваше учебната година со која Богуле требаше да го заврши училиштето, така Мил сѐ повеќе го задржуваше Богулета кај себе во лабораторијата, не оставајќи го многу да се шета со другарите, да го губи попусто времето, туку му даваше нешто да работи во лабораторијата, да го упатува постепено во науката, објаснувајќи му по нешто што е достапно и разбирливо за Богуле, да му ја потпалува фантазијата и желбата за наука.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Велеше, како и онаа вечер кога го загубивме, дека светот му изгледа страшно стар, и дека бојата на предметите и мирисите, како што минуваат годините – слабеат; дека има потреба да се врати назад, барем во детството; го гледав и забележував дека и двајцата тонеме постепено во некакво неодредено опуштање, дека разговараме за суштински нешта, иако изгледаше дека говориме безначајни работи.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Наскоро потоа се донесоа некои нови предмети од Вера и постепено во куќата сѐ стануваше наредено по нејзин вкус.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Први муштерии биле гемиџиите, а постепено во берберницата започнале да влегуваат и други лица, па и странци.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Во работата му помагаше и син му Ном, навлегувајќи и тој постепено во тајните на занаетот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Сите тие нешта се наталожуваат постепено во умот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)