потоа (прил.) - бев (гл.)

Големите чистки во кои беа опфатени илјадници луѓе, со јавни судења на предавниците и на мислопрестапниците кои ги признаваа своите подмолни престапи, а потоа беа егзекутирани, беа специјални претстави што не се случуваа почесто од еднаш во неколку години.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Прво го гледаш како се тркала во водата како морско прасе, потоа го гледаш низ нишанот на пушката од хеликоптерот, потоа беше целиот издупчен и морето околу него поцрвене и тој потона ненадејно како низ дупките да се наполнил со вода; Публиката се дереше од смеење кога потона.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Набргу тој беше силно возбуден и гласно се смееше додека малите фигурчиња надежно напредуваа кон целта а потоа беа изедувани и враќани на почетокот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но вистинскиот пекол беше меѓу нас, помеѓу еден и друг, се преживуваше со паразитско кодошење за сметка на другиот, кој потоа беше подложен на тортура.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
По ослободувањето на Климент од Голи Оток, откако се нормализираа односите помеѓу Југославија и СССР, тој првин беше вработен како професор по француски јазик во едно основно училиште, а потоа беше унапреден како соработник во Државниот архив.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Одговорот посрамено го замолча мајсторот, и потоа бевме молчеливи и тажни и двајцата: тој - што психологот не им помага на луѓето, јас - поради силината на неговата беспомошност.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Лицето на Даниел се стемни и потоа беше нерасположен и раздразлив.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Разбирањето на раскажаното и на кажаното и верувањето во него потоа беа во Божји раце, оти секој има свој пат до зборот кој, всушност, е збор Божји, па таквиот збор Божји сам го наоѓа своето место во секое човечко срце.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Првин бил во Лепоглава, му рече, а сега го префрлиле во Билеча. Потоа беше војната.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Токму затоа, авторите како појдовна точка го земаа пристапот искористен во погоре споменатата студија, најпрво преку скенирање на изменувањата и дополнувањата на законите обработени таму, на кои потоа беа додадени и новодонесените закони во периодот на нашата анализа.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Потоа беше најдобар во одделението...“
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Тоа беа охрабрувачки вести но кои веднаш потоа беа демантирани.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Елен Лејбовиц *Македонија Последното лето (во Телерама 2644) вие му посветивте еден напис на сегашниот амбасадор на Франција во Албанија, Патрик Крисман.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Беа праќани во соодветни групи кои потоа беа пренесувани во соодветни простории.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Долго потоа беше многу среќен од нешто необјаснето, толку среќен што му се чинеше дека може сѐ да направи.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Ден потоа беа затворени границите, а секој кој сакаше да ја напушти Австрија, мораше да се обрати до тукушто отворениот Центар за издавање на излезни визи.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Приказната што ја слушнав потоа беше повеќе од невистинита.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Едната беше од оддалечената галаксија наречена Ент, а патниците од леталото беа испитани, измерени, беше проучено сѐ што требаше, а потоа беа пуштени да заминат од овој град, слободни, без ниту една лузна.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Во постелата лежеше три дена, а потоа беше обземен од ужасот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)