потоа (прил.) - мој (прид.)

И потоа мојата девиза беше не зборови, а дело, а крајот е тој што го краси делото.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Никогаш потоа мојот предмет не привлече онолку студенти.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Изгледа сето тоа го знаел Мусли бег, па кога ги изгуби синовите во Чепиговски Мртвици, првин мене, потоа моите, стрика ми Дамчета и татка ми Богоја, ги заплаши дека ќе бидат погубени и тие и сите христијани во Потковицата ако не дадат да заминат во војна, наместо погубените турски синови, дванаесет млади христијани.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Потоа моето детство заврши, фабриката „Ванила“ го смени името, а историјата на голема врата влезе во нашата стварност.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
И долго потоа мојата глава висеше над тој нецел ред од букви.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)