потоа (прил.) - негов (прид.)

Чекајќи ги, значи, тие моменти во својата служба, Константин З. ќе исчекореше напред, за потоа неговото административно напредување да бележи извесна стагнација, сѐ до новата политичка прилика.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Стражарот ќе стигне до работ на зградата, потоа ќе направи полукруг околу себе, потоа неговиот грб ќе почне да се оддалечува во спротивната страна. И токму така.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Меѓудругото, тука имаше и еден фотопортрет што беше прицврстен на една голема црвено обоена табла, потоа неговата мотика и шеширот што беа закачени на една рамка, зад која секој можеше да застане со векна под мишка и да се фотографира: „Вие сте Istvan Kantor a.k.a. Monty Cantsin како Мартон”.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во тој момент го слушнав избезумениот глас на татко ми: Христина, Ели! - и веднаш потоа неговиот плач. - Таткоо!
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
„Збогум“, рече тој. Мавташе благо, нежно. Потоа неговото лице исчезна, исчезна и сламената шапка.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
На Климент Камилски, во тоа источно царство на книгите посебен впечаток му остави големиот француско-старотурски речник на албанскиот полиграф Сами Фрашери, потоа неговата прва преведена книга од шестомната француска енциклопедија, донесени од Цариград, како и многу други големи книги на старотурската османица која Климент Камилски не ја разбираше, но со восхит ги прелистуваше книгите пишувани на рака, на рабовите, но некои и во средината, прошарени со чудесните бои на минијатури, кои како да блескаа на секоја прелистана страница.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Дали поради искуството или од задоволство поради тоа што бргу му се олесни, детето почна да се смешка и потоа неговите дебели рачиња посегнаа по чашата со вино, барајќи да го испие виното што не успеа да го допие поради сркнувањето.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Веднаш потоа неговата глава се појави во синиот круг.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)