потоа (прил.) - бргу (прил.)

На оној потоа бргу не му беше тешко да си најде нов бригадир на градежната бригада.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кутриот мој другар, се колнам како изгорен потоа бргу се тргна.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Се помачи додека излезе на патчето, за што сувите износени опинци ѝ се лизгаа по чипецот, но потоа бргу се изгуби зад ридот.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
А потоа бргу, за да си ја стигне мислата, продолжи да пишува.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Потоа бргу се навикна на новите звуци (чудни се патиштата на човечката психа, оти човек се навикнува на сѐ, дури и на најбизарните нешта), но сфати и дека оваа „криза“ не е забава, не е диско и дека со неа нема заебавање.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Таа најнапред се здрвува на местото, но потоа бргу излегува надесно.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Таа се наведнуваше тука, Нора, а потоа бргу ја подигаше главата...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)