потоа (прил.) - одново (прил.)

Јосиф одненадеж се засмејува и смеејќи се закашлува, а кога престанува да кашла малку време се одморува потоа одново се смее.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ноќва, од пределите на детството, би стигнало нашето црвено ждребе, за да го помилувам и кршејќи залаци леб да го нахранам, за потоа одново да се разигра виштејќи и потскокнувајќи и своите тенки копитца натопувајќи ги во месечината и со нив ставајќи златен печат врз детството.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Земјата над нас На сестра ми Маса Далеку еден од друг, долго низ ноќта стоиме со кренати слушалки И само од време на време секој од нас ќе изусти по едно ало а потоа одново молчиме, здивот едниот на другиот си го слушаме.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Зарем не би ја парчосале на делчиња, за потоа одново да ја составиме поблиску до желбите на срцето?
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Обесен во некој агол на неосветлената соба Има таква ноќ кога цигара по цигара Стигнуваш ненадејно до некои полноќни дождови А потоа одново слушаш како удира часовникот И го препознаваш во неговиот глас Оној сетен повик Таму некаде, далеку во иднината Кога си играат дечиња и ја типкаат земјата врз тебе И во прекрасна ноќ бараат светулки среде бујнатата трева Што те покрива на ридон.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
А ако останам жив: сеам, жнеам, ве- ам жито потоа одново тргнувам на војна зашто ѝ верувам на земјата.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Во голема возбуда тој се обѕрнуваше зад себе да провери до каде се другите што го следеа а потоа одново продолжуваше да лази, чипчејќи се со раскрвавените прсти за карпата, за коренчињата, за стебленцата...
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
А потоа одново...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Потоа одново молчевме. Бавно ја сркав супата од леќа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Токму така – лудилото е избегнување на обврската да се биде човек.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таа потоа молчеше ден или два, а потоа одново бараше да оди дома. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Не плачи, Фридрих… Не плачи,” му вели, а потоа одново го фаќа за рака, и го поведува натаму по паркот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
По ручекот имаме мал одмор, па потоа одново работа, бидејќи, како што реков – работата го создала човекот, и одново ќе направи човек од оној кој ја избегнува таа обврска.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И потоа одново зајачка, како бавно да раскинува стара ткаенина.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таа ја спушти лажицата во испразнетото лонче.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тие воени години одвреме – навреме преспивав во домот на Роза.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Понекогаш Криста ја посетуваа нејзините родители.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
…Кога месечевиот срп зелен меѓу пурпурното руменило завидливо се прикрадува – непријател на денот, со секој свој чекор потајно ги коси ружите, Ги коси сѐ дури не паднат, бледи, во сенката на ноќта: така паднав и јас самиот некогаш, од лудилото мое по вистината, од безумните мои копнежи по големиот ден, уморен од денот, болен од светлината, - паднав долу, во самрак, во сенка, од вистина Еднаш согорен и жеден за неа - се сеќаваш ли уште, се сеќаваш, пламено срце, како некогаш жедно беше?
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)