потоа (прил.) - повторно (прил.)

Кога ке им се доближев тие се разлетуваа, но веднаш потоа повторно долетуваа, покривајки го скоро целото дрво.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Кај Неа Каликратија слеговме на морскиот брег, но само за миг, за да навлеземе пак подлабоко во копното, а потоа повторно да се спуштиме кај Неа Мунданија, на чиј пристап е истакнато едно огромно пано, кое го забележува секој посетител и патник.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ова доживување многу влијаеше врз поната­ мошната дејност на Бојс кој потоа повторно ги употреби овие материи и материјали.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
На времето, Татарите го беа спасиле Бојс лечејќи му ги изгорениците со мед и мастило.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
На ѕидот е закачена репродукција на фотографија снимена на фронтот, која го прикажува пилотот Бојс и неговиот Јункер.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Седеше и мавташе со нозете, како што го прават тоа малите деца; водата прскаше наоколу; но кога забележа дека сеуште ја гледам како да се збуни, и веројатно токму збунетоста беше причина да посака понешто и да ми објасни.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Остана за момент замислена а потоа повторно беше ведра и задоволна.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Боге од Бањи се нафати во врска со сандакот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Потоа повторно одиме еден зад друг сѐ до моментот кога Даскалов успорува за да се израмни со мене.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Со палецот и показалецот Милан предизвика распрсканата прскалка да се расцути во џиновско утринско славење, кое наскоро се кондензира во млаз, а потоа повторно се расцути во нежен воден прав.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Доаѓајќи си на себе, таа остана да седи таму, една или две минути, и потоа повторно го погледна Милана, и тој веќе не беше оној чуден човек што беше пред една минута.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Колку и да не сакаше да си признае, и тој го чувствуваше гневот на претпоставениот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Сите овие денови, додека се шушкаше дека некаде се крчка некој политички договор за примирје, од нивната позиција преку двогледи гледаа како долу во градот секојдневно минуваат возила, бели џипови со црни таблички и по патот се искачуваат нагоре кон селата, па потоа повторно слегуваат надолу, побргу отколку што се качуваа.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
ЛУКОВ: (Останува сам. Долго, надмоќно, гледа кон надворешната врата, потоа повторно сака да запали цигара.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Нејзиниот поглед имаше продолжено траење и тоа само во дел од мигот по кој се враќаше назад со нешто одземено од мене како зрнце песок (скриена или заталкана мисла, спомен, копнеж, што ли?), а времето беше прекратко за тоа задоволство бидејќи веднаш потоа повторно го чувствував тој допир на погледот според ритамот на отворањето и затворањето на нејзините клепки (сфатив кога веќе станавме едно, дека таа знаеше да ме гледа и со затворени очи и ми велеше дека ме гледа не како што ме сака, туку ме гледа таков каков што сум, и дека таа таков ме сака) и сè така во продолжено траење, а јас бев сигурен дека ваквиот поглед беше упатен само кон мене и дека само за мене тој можеше да биде таков со нијанси на галовност во допирот кој во тој момент беше физички, или така ми се чинеше, кога веднаш потоа или можеби во тој ист миг ќе ја почувствував мекоста на нејзините ситни прсти во таинствена игра на моите слепоочници.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Продолжувам да мислам, “Аха, чувствувам нешто”, а потоа повторно, “Можеби трипот е обично ѓубре. 5.00 MTV е сè уште на програмата и сега е веќе многу поинтересно.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Пијам и MTV е веќе цел саат е на програмата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Но потоа повторно се согласуваа со заедничката согледба дека никој не би можел да слезе толку длабоко во себе доколку му е роб на минатото или иднината!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Понекогаш беше тепан сѐ додека можеше да стои на нозе, потоа фрлан како вреќа со компири на камениот под во ќелијата, оставан неколку часа да се соземе, а потоа повторно одведуван и тепан.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Стануваше од клупата затоа што болката во коските беше неиздржлива, а потоа повторно и речиси веднаш седнуваше, затоа што беше премногу зашеметен за да може да се држи на нозе.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Потоа повторно тишина, во која ја пречекорувам границата на јорганот и тонам во мракот на сопствениот здив.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Стоеше така плодот во авата, но тоа траеше колку да фрлиш око кон Господа и да се прекрстиш, а можеби и уште помалку, а потоа повторно тргна да си го брка патот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Некој (секогаш се наоѓа таков) те забележува, те грабнува како да си нејако џуџе, ти ја отсечува бебешката глава за потоа повторно да ти ја насади и да те остави во градината што цути.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
3. I don`t like the black ponsies in the window box: sticks and stems. But you could make a ballgown out of the unusual big poppies behind them.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Подзапре, а потоа повторно забрза како оваа патувачка баханалија да мораше да го достигне својот врв и да заврши пред да се нурне сонцето в море.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Но потоа повторно заминувам и веројатно секогаш ќе заминувам.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Со уште еден поглед се увери дека е сам, потоа повторно се наведна и нежно држејќи го стапчето, со лесни потези на раката започна да го работи она што тој најдобро умееше од сѐ на сиот свет.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Градот чекаше додека планетата кружеше низ вселената, следејќи ја својата орбита околу сино-белото сонце, а годишните времиња минуваа носејќи мраз, па оган, а потоа повторно мраз и пак зелени полиња и пожолтени ледини на лето.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
- Ја забележа информацијата на крајот од веста?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тоа ти се тие горчливи поигрувања на реалноста - многу уверливо разлагаше Б.С. а потоа повторно ме упати на веста.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А Русија не е земја за една недела или за еден месец да ја поминеш!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Потоа повторно молк со години, и наеднаш нова вест: слушнале од некого оти божем ја видел од далеку во некој голем град, но дали била токму неговата исчезната жена или некоја слична на неа мустра, сведокот за жал не можел да потврди.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А потоа повторно да � се вратиме на работата.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Главата се откриваше од затегнатата, свежо избричена брада – тука, на просторот меѓу белата крагна и цврстата брада запрев – во адамовото јаболко, што најпрвин се искачи под голтката, а потоа повторно го чув гласот, мојот глас: - Дојдовте?
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Жилберт&Џорџ: Сметаме дека естетичкото движење тврди едно а прави друго.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Луѓето на Запад гледаат дека имаме изложба во Кина, потоа повторно им се навраќаат на нашите дела на поинаков начин.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Ми се гади од таа слобода да не ги одбирам нештата од кои ми се гади, туку ако ми се гади од едно нешто, зошто тогаш да не ми се згади и од другото слично или различно нешто доколку е тоа подложно на гадење, и така постепено сѐ да ми се згади, до крај, а потоа повторно сѐ од почеток....
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Имав впечаток дека таа излегуваше од светот на мојата балканска сага што си го беше утврдила како главен домен на својот интерес во нејзините писма, предизвикана од актуелноста и неизвесноста на настаните, за потоа повторно да се врати на моите текстови и да ми се придружи во мојата потрага.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Книгата му се допадна, напиша и предговор за неа.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Неколку птици првнаа во воздухот, една верверичка скокна во гранките на блиското дрво, па потоа повторно врз планината се спушти тишина исполнета само со шумење на боровите и реката.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
НА ПЛЕТВАР
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Учителот ќе најавеше кои деца ќе настапат а потоа повторно хорот.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Потоа повторно се вративме на плетварските карпи, таму позициите ни беа откриени, па изутрината продолживме.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Потоа повторно настапи една сиромаштија. Затоа моравме, откако ќе ги завршевме нашите работи, да одиме во друго село за да прашиме афион.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Молк уште некое време, а потоа повторно неговиот глас: - Што ти е тебе, Бреза, што паничиш?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Треба да ми веруваш, јас никогаш нема да бидам далеку од тебе.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)