потребен (прил.) - во (предл.)

ГШ на НОВ и ПО на Македонија ги известил членовите на мисиите дека тоа се правело со знаење на Меклин и на Тито.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Мислам дека најголем дел од зборовите ги користиме за да се заштитиме од другите луѓе, а не за да ја изразиме взаемната љубов; зборовите станаа материја за правниците, а не за поетите; сѐ повеќе ни е потребно во општеството да го воведеме - и мислам дека токму тоа е она што ги проникнува и им дава боја на толку голем број, ако не на денешната младина, тогаш на младите од претходната генерација - тоа барање и изразената желба за љубов, во еден анархичен свет.  К: (...) Наклонувањето на тие луѓе (Хипиците), а се надевам дека денешната младина ќе го прифати тоа, опфаќаше и такви животни работи како што е исхраната.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Овој висок, секогаш елегантно облечен господин, одважен во многу моменти од својот живот, во трговијата што ја врши и во управувањето со имотот, како и во заштитата од неволјите на своите сонародници, има зад себе спомогнато изградба на црква и купување камбана, отворање на народно училиште, помош на читалиштата што почнаа поначесто да се отвораат во нашите поголеми и помали градови, градење и поправање на сето она што било потребно во неговото родно Маказар и друго.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во прилог на ова оди и донесената одлука од страна на ГШ на НОВ и ПО на Македонија во декември 1944 година, британските и американските членови на воените мисии да ја напуштат Македонија, бидејќи се сметало дека нивното присуство по завршувањето на војната веќе не било потребно во Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)