пресуден (прил.) - во (предл.)

Тој не допушти тоа забележување на разликата, кај некои од девојчињата-кои-стануваат-жени да поттикне и поинакви чувства, а не само завист; ја стави зависта како место околу кое се создава Јас на секоја жена.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ако навистина пресудно во станувањето жена не е нешто суштинско во неа, туку нешто надвор од неа – забележувањето, кога е девојче, дека нема ист полов огран со машкото, забележувањето, како што велеше мојот брат, дека е “осакатена”, зошто тогаш како резултат на тоа забележување, резултат од кој, тврдеше брат ми, од детскоста се раѓа женскоста, од детето се раѓа жената, зошто резултат на таа свесност е зависта, а не тагата, или стравот, или рамнодушноста: тага што половите се разликуваат; страв од разликата, страв од другиот пол; рамнодушност кон различноста?
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Како да беше пресудно во оваа обична игра за другите да си ја повратат победничката величина, изгубена по падот на Отоманската Османската Империја.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)