Сепак, мислеше Френк сега, таа жена беше на добра трага,    како што беше и книжевниот критичар Лајонел Трилинг кога зборуваше за „ужасот“ што    се крие во поетската рустикалност на Роберт Фрост: ретроспективно барем, ‘Водениот    виор’ го отсликува последното лето на Полардови - златниот период на пријатна работа    и игра, за коешто време Френковиот неоткриен тумор забрзано го населувал неговото    тело.
               
             
           
            
            
              „МАРГИНА  бр. 34“
              
              (1996)