Само четиринаесет дена изминаа отакко главните на сојовите од Потковицата го потпишаа писмото со кое од султанот бараат да им издаде одобрение за ѕидање црква, општина и училиште, ѝ само седум дена откако му го предадоа на Мустафа ефенди, прилепскиот кајмакам, за тој преку Битола и Солун да го препрати таму, во Стамбола, но и едниот и другиот ден, оној во кој го потпишаа писмото, неделата на Свети 40 Маченици, и оној во кој го предадоа, првата сабота по Свети 40 Маченици, заедно со писмото и заедно со надежите, желбите и намерите содржани во него, никој не ги ни споменува во Потковицата.
               
             
           
            
            
              „Потковица на смртта и надежта“
               од Миле Неделкоски 
              (1986)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
               
                  И оште:  Ние се обврзјавме самоволно да ги подржаваме и поткрепјавме со слово, сос дело, сос помоштна рака и заплата речените ни Костадин Блаже Дамчев, претседателја на општината, Јосиф Оносим Акинов, учител ни, Хаџи Ташку, свештеник ни, за това и за сичко горереченото потврждавме като се потписавме сос своја рака.“
               
             
           
            
            
              „Потковица на смртта и надежта“
               од Миле Неделкоски 
              (1986)