секако (прил.) - во (предл.)

Не ги инсценираат машините и нивните движења и светлина, туку го испитуваат и инсценираат самиот медиј (секако во поврзаност со дејствувањето на виртуелните машини).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Галантноста на таткото - што и покрај своето колаборантство останува џентлмен од стар ков - е секако во тоа што во моментот кога ќе го чуе автомобилот со којшто ќерка му се враќа дома, и со тоа ќе го открие блефот на јунакот, не се разлутува, туку мирно си ја продолжува работата, и му кажува дека „му ги прочитал картите” во самиот облик на признанието.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Со еден збор, Чамецот за спасување спаѓа во сосема друг вид филмови од оние на Хичкок: оној вид психолошки драми, кадешто групата луѓе се наоѓа на ограничен простор и егзистенцијално заострената ситуација ги присилува да ги „откријат картите”, да го докажат својот вистински карактер, да смогнат доволно сили за спасувачката одлука или да пропаднат.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Индивидуален спор Со единствената новела на овој закон се определи дека индивидуалните спорови, освен со овој закон, ќе можат да се решаваат и согласно новиот Закон за медијација (чл. 1 од ЗИДЗМРРС/14).95 Ваквото решение е секако во корист на работникот, бидејќи медијацијата подразбира донесување на заеднички прифатливо решение кое е предложено од сите страни во спорот, изразено во форма на писмена спогодба, за разлика од обврзувачкото решение на арбитражата, кое најчесто е во корист на само една од страните во спорот.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Тоа секако во неговиот душник јадот лелееше спарушена трева.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
По малку време некои од луѓето го виделе попот како потскокнувајќи бега пред бледоносите жени. Не можело да е поинаку.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Попот бездруго брзал да го најде утрешниот младоженец и да му каже со насилена насмевка дека ангелите од Откровението на светецот Јован Богослов не бранат маж без жена и жена без маж да се земат, секако во љубомората повикувајќи ги во себе русоглавите небески жители да дојдат и да го престорат среќникот во жабок под кожув; желудникот го болел од пакост.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Најбруталната верзија на таа претстава секако е југословенската ситуација, но тоа се - секако во помала мера - и германската и француската, како и ситуацијата во САД.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Бригадата веднаш кинисува, секако во подготвена акција.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Поразот е секако во заминувањето.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Зар не гледате дека тој е убеден оти сите луѓе би го скриле писмото, можеби, не во издлабено дупче од ногалката на столот, туку секако во некоја дупка или зафрлено ќоше, поттикнати од истиот начин на мислење што би ги навел да го скријат писмото во издлабено дупче од ногалката на некој стол?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Овие епиграфи секако во одредена мера се прикладни, по тоа што ги најавуваат идеите или сликите содржани во самиот текст на „Платоновата фармација“.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Таа прикладност се шири дури и кон фактот дека тие текстови се наоѓаат вон.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)