сигурно (прил.) - во (предл.)

Сигурно во неа за Чанга имаше и неискажани значења.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Овој должник и зајмодавец треба одамна да се бркаа за тие сто лева, дадени сигурно во момент на душевно умилување, при некоја заедничка пијанка.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Да, и за него разбрав: го спотерале некаде, но не се знае каде ... Сигурно во некој логор ...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Сите пријатели кај кои одеа Павле и жената и кои им доаѓаа на гости започнаа да се интересираат за фрижидери.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Но она што денеска ни е сигурно во рацете, утре веќе можеме да го изгубиме!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Каде е камионот што треба да нѐ префрли, си мислиме, сигурно во истиот ќе нè носат докрај.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Х.Х. сигурно во тие мигови жалеше што не можеше да пребарува во моите мисли, да ја храни Централата со нови податоци за моите реакции, додека молчев загледан во линијата на хоризонтот која ја искривуваа белите облици на издадените бункери кои навистина ми се видоа како голем ѕид. Балкански ѕид.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Беше август кога мајка веќе не можеше да излегува од дома.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тие луѓе во секој однос со другите луѓе гледаат закана, се плашат дека каква и да е блискост со друго суштество ќе го проголта и она малку што останало од нив.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А потоа почна да не ги распознава нештата, да ги побркува – го земаше ножот за да пресече леб со него, а потоа помислуваше дека е игла и бараше од мене да ѝ донесам кошула за да ја закрпи со ножот, компирите ги редеше во шкафот за чевли, и онаа кукла – парталче со избледена крвава трага преку неа, сигурно во еден миг за неа се претвори во птица која ја пушти да одлета.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Постојат луѓе чие Јас не е сигурно во себе, нивното Јас некогаш одамна почувствувало дека нема право да постои и остатокот на светот во секој миг може да навлезе во него, па сега за нив не постои граница помеѓу нивното Јас и она што е не-Јас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Еден човек гледа пред себе во воздухот како во некакво огледало во кое не може да го најде својот лик, и вика: „Кој сум јас? Кој сум јас? Кој сум јас?“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Постојат луѓе чие Јас не е сигурно во себе, затоа што нивното Јас некогаш одамна почувствувало дека нема право да постои.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
На тоа сам си одговарал: - Не веројатно, туку сигурно во далечината имало длабоки пештери долови- резонатори, стени вибратори.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
И по законот на ноќта во Белата Долина, која некој ја нарекол бела сигурно во една ваква ноќ, од некаде од далечината почнаа и сега да поникнуваат дивите писоци, целите во некакви кристални одзвуци и на некој начин сосема свои, сосема домашни, тука, во овој бел заблескотен свет.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Зар е можно да паднат и да пуштат корен опасните бацили токму тука?“ и полека и сигурно во мачниот тек на иследувањето се создава во него нешто како обврска, одговорност за нешто и некоја не сосем определена виновност, што се создава од самата службена потреба да се наѕира во душите, во мислите...
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ништо не е сигурно во олку матно време, му рекол на клисарот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Погледни ја шталава, сигурно во неа имало цела ергела од коњи.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сигурно во секој момент ќе пристигне, си помислив утешно.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во еден момент ѝ се стори дека детето не е сигурно во рацете на мајката. Ѝ предложи да го земе и да го подржи.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Сакав да ја смирам, да ја предупредам дека јас сум сигурно во првата третина ученици која ќе го помине класот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тука е Татко, сигурно во триесеттите години на животот, висок , снажен, со остри мустаќи, крај слабникавата и убава дваесетгодишна Мајка.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Но бидејќи никогаш не е ништо сигурно во овој мал свет, одвај се осмелувам да ви речам дека јас сепак чувствувам големо олеснување!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Немајќи обичај да пишува ваков вид писма, таа ми побара тоа да го направам за неа што многу радо прифатив, вие би се сомневале, се разбира, надевајќи се дека...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Таа сигурно во својата меморија ја задржуваше повеста за времето на козите и прашањето за нејзината автентичност, но ја задржуваше и за други времиња, небаре да ферментира во нејзината свест и да ми ја изложи неочекувано во друга пригода и со сосем подруг контекст од очекуваниот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Дипломатскиот претставник на САД во Швајцарија, Хју Р. Вилсон (Hugh R. Wilson) напишал дека „Женева е толку полна со претставници на малцинства и на поробени делови, сите настојуваат да го предизвикаат вниманието на една или на друга влада, така што јас сметам дека е препорачливо да се игра крајно сигурно во однос на секој од нив и да не им се дава можност да сметаат дека ние им даваме ним каква било помош или поддршка“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Сигурно во тоа време си мислеше и на детето што се вика Цане и собира пари да купи автобус.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)