скрснозе (прил.) - на (предл.)

Петко ги собу опинците, ја симна торбата од рамото, стана, ја исправи ластегарката до ѕидот, ја обеси торбата на колот и седна скрснозе на постелата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Валијата седеше скрснозе на посланото сеџаде, а сите други, според рангот, или стоеја, или на еден колк се потпираа врз миндерот до Мехмед-паша.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Бегот седеше скрснозе на еден од миндерите покриени со црвени килимчиња и со снежно бели перници во штиркосани калафи, а под него имаше меко душече исполнето со памук.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)