смело (прил.) - во (предл.)

Мажите дејствуваат, жените настапуваат. ‌Убаво е, вистина, да се отфрлат ваквите невкусни поимања како идиотски, како обични бизарни општествени предрасуди – надминати, старовремски, ветви, карикатурални.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Разликата меѓу стилот и содржината или меѓу стилот и сушноста е пресудна за разграничување на изгледот од стварноста: стилот важи за женствен, а сушноста за мажествена, бидејќи мажественоста длабоко се занимава со вистинската содржина на нештата, додека женственоста се занимава со несериозни работи како што е изгледот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Јас најодговорно тврдам дека моите намери се најчесни и најчисти и можам само да Ви ветам дека доколку ја одобрите мојата молба, јас ќе се грижам за Томаица и моето семејство на најдобар можен начин.“ рече Петар, додека срцето силно му чукаше во градите, а тој со сигурен глас сепак успеа да настапи доста убедливо, гледајќи го цело време газда Таки директно и смело во очите.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Не бегајќи од конкретното и секојдневното, а напротив, впуштајќи се смело во искажувањето на она што бездруго треба да се рече, за да му се затре семето, за да не се повтори, Чинго ја зацртува својата социолошка линија антиапологетски, во највисока мера критично, непомирливо, бескомпромисно.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Зачекоривте сигурно и смело во животот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Но, бидејќи, главно, не ни се појавуваат како изреки, туку како перцепции за светот или како чувства однатре или како длабоко лични и оригинални пронигби, тие и понатаму кај многу луѓе обезбедуваат извесна приврзаност на интуитивно рамниште.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Вистина е, кога ќе се изнесат смело во вид на изреки, како што направив баш сега, нема таков што при здрав разум би ги одобрил.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)