стуткано (прил.) - во (предл.)

Кога дојдоа Србите, извади едно пусулче превиткано како аптекарско ќесуле за прашок против болка и стуткано во чкрипливото стапало на дрвената нога, според кое произлегуваше дека односниот се борел во редовите на српската војска, дека бил ранет и дека се инвалидизирал, па се молат српските власти да му излезат пресрет, покрај тоа што ќе му доделат инвалиднина.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Сега си обично маче, топло додуша, стуткано во мене, како дел од мене, како парче од градиве, од срцево кое ми се распарува кога ќе те видам, од љубов, ами од што?!” ѝ велеше Стево Трајчов на Цвета, лизгајќи ги усните по нејзиниот патец, од челото кон темето.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)