таму (прил.) - лежи (гл.)

„Вие тоа сега не можете да го видите, ама таму лежи голем профит. Не само за мене, туку и за вас.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Таму лежеше кучката, а крај неа играа три сиви кутриња.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
И таму лежи човек и плашливи одблесоци од батеријата отскокнуваат по лицето и рамото, се лепат на каскетот, покриен со танок слој земја.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
А таму лежат Доно Поцков, Наум Пановски, Трпо Сомовски и Лазо Сомовски.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Гледал народот со чудење и страв во отворениот гроб, а таму лежел Сане Сандин со качкет на главата, со црвен минтан, со чевли од мукава на нозете.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Кога ја донесоа дома за да умре, и ја легнаа на големиот брачен кревет во спалната, таа едвај да виде дека таму лежи човек.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Дуваше галејќи ги зелените пасишта со нивните многу ретки кладенци- поила, кој како сини очи тук- таму лежеа во тревниците.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)